Сите хороскопски знаци се различни, па токму затоа тие различно се однесуваат со пријателите. Некои од нив бараат искрени и директни пријатели, бидејќи и самите тие се такви, додека пак, на други им е потребен некој кој ќе може да им ја пружи потребната поддршка. Прочитајте како секој хороскопски знак ги бира своите пријатели и како се однесува во пријателството…rnrn
rn
Овните се директни и искрени
rnПрипадниците на овој знак, во пријателска смисла, воопшто не се комплицирани бидејќи се директни и искрени. Иако можат да сочувствуваат со другите, тие не се видови пријатели кои треба да ги барате доколку ви е тешко затоа што се премногу насочени кон акција. Нивната најголема маана е себичноста. За Овен најдобар пријател е некој кој е независен и со висока самодоверба, исто како нив, и токму затоа најдобро се сложуваат со Стрелците.rn
Биковите имаат висока самодоверба
rnБиковите се најсамоуверени од сите знаци во зодијакот. Нивните најголемите пријателски доблести се великодушноста, заштитничкиот порив, верноста, а во односите најчесто се поставуваат како грижливи мајки. Нивната најголема маана е повремената алчност. Тие одлично се сложуваат со Рибите кои лесно ја поднесуваат нивната тврдоглавост и уживаат во друштвото на Лавовите.rn
Близнаците имаат голем круг пријатели
rnРетко можете да налетате на Близнак кој нема многу пријатели, бидејќи ниту еден од неговите пријатели не може да ги исполни сите негови социјални потреби. Тие преферираат широк круг на пријатели при што ги групираат луѓето по нивните заеднички интереси, па така едни им служат за излегувања, други за кафе, а трети за помош во животот. Нивната најголема маана е што понекогаш пријателството не го сфаќаат многу сериозно, па можат многу лесно да стават крај.rn
Раковите се емпатични
rnЧувствителни и полни со разбирање и емпатија – ова е најдобриот начин на кој можете да ги објасните пријателите во овој знак. Тие најчесто се дружат со луѓе кои се слични на нив и кои се подеднакво топли и склони на промени во расположението. Во потрага по поддршка, тие често се насочуваат кон Рибите и Скорпиите бидејќи најдобро ги разбираат. Нивната најголема маана е тоа што често знаат да глумат со цел да им се допаднат на другите.rn
Лавот никого нема да остави на цедило
rnПрипадниците на овој знак се многу ценети пријатели и, и покрај тоа што се движат во големо друштво, сепак имаат интимна поврзаност само со неколкумина. Доколку успеете да се зближите со Лав, знајте дека тој засекогаш ќе биде покрај вас. Тие најчесто влегуваат во долготрајни пријателства кои ретко се прекинуваат, а најдобро се сложуваат со други Лавови, Овни и Скорпии.rn
Девиците бараат некој сличен на себе
rnПрипадниците на овој знак на прв поглед знаат да бидат резервирани и да делуваат како да не влегуваат лесно во подлабоки односи со другите луѓе. Во пријателството тие имаат слични критериуми како и во љубовта, па токму затоа бараат особини кои и самите ги поседуваат и ги привлекуваат. Тие не сакаат претерано несигурни луѓе, често се рационални и навидум ладни, лесно ги анализираат другите и можат да предвидат однапред со кој ќе бидат добри пријатели. Тие добро се сложуваат со други Девици и Јарци, а маана им е што понекогаш знаат да бидат љубоморни на туѓиот успех.rn
Вагите имаат еден најдобар пријател
rnВагите се одлични советници и добри дипломати, па токму затоа никогаш не им недостасуваат пријатели. Но, тие целосно се предаваат само на еден најдобар пријател во кој имаат доверба за своите мисли. Тие добро се сложуваат со Близнаците и Водолиите чија опуштена природа ги привлекува. Нивната најголема маана е тоа што го наметнуваат своето мислење на другите.rn
Скорпијата цени искреност
rnСкорпиите често оставаат впечаток на ладни и рамнодушни личности, но тоа е само нивниот надворешен оклоп кои другите мора да го пробијат за да станат нивни пријатели. Доколку го тргнете тоа настрана, тие се едни од најдобрите пријатели кои човекот може да ги посака. Потребен им е некој кој ќе ги разбере, но и кој ќе биде искрен исто како што се и тие. Најдобро се сложуваат со Рибите и Лавовите, а маана им е тоа што знаат да бидат одмаздољубиви доколку некој од пријателите ги повреди.rn
Стрелците се преполни со разбирање
rnОптимистичната и друштвена природа на овој знак ги привлекува луѓето, па токму затоа и многумина сакаат да бидат нивни пријатели. Тие најмногу ги ценат духовитите, отворени и добронамерни луѓе. Стрелците мразат пасивно-агресивно однесување и најчесто од тие луѓе бегаат, а ако ви се вистински пријатели секогаш ќе ве разбираат и поддржуваат. Тие најдобро се сложуваат со други Стрелци и Близнаци, а најголемата маана им е што понекогаш претерано го гледаат финансискиот аспект во односите.rn
Јарецот дава сè за своите пријатели
rnНеговата специфичност е во тоа што претерано го цени пријателството, а во тесниот круг на неговите најблиски и најдобри пријатели се наоѓаат оние кои се докажале како доверливи и одговорни. Тие најчесто ги негуваат своите стари пријателства и често се подготвени да дадат сè за нив. Имаат многу познаници, но без разлика на тоа што и кон нив можат да бидат благонаклонети, тие ретко ќе знаат што припадниците на овој знак навистина размислуваат. Јарците најдобро се сложуваат со Лавовите, а маана им е тоа што знаат да ја тестираат туѓата лојалност.rn
На Водолиите сите им се подеднакво мили
rnЗабавните, спонтани и возбудливи Водолии имаат потреба од пријатели кои можат да го следат нивниот немирен дух. Бидејќи тие се многу слободни, сакаат да бидат во друштво на луѓе кои не ги осудуваат, но нивната постојана наклонетост кон сите луѓе ги спречува да го најдат оној едниот, најдобар пријател. Тие најдобро се сложуваат со Стрелците, а нивната најголема маана е што лесно можат да се дистанцираат и очекуваат другите да се трудат повеќе од нив.rn
Рибите се најдобри за утеха
rnРибите се многу подложни на мислењата на другите, но ако го тргнете тоа настрана тие се навистина добри пријатели. Тие знаат да бидат одлично рамо за плачење и многу често можат да ја овозможат утехата која и самите ја бараат. Најдобро се сложуваат со луѓе кои се карактерно силни, стабилни и со многу поддршка, па токму затоа имаат добар однос со Биковите. Маана им е тоа што понекогаш знаат да ги занемарат пријателите поради партнерот.