Во текот на јуни ќе бидеме под влијание на многу планети и нивните движења. Сè до 3 јуни ќе бидеме сведоци на ретроградното движење на Меркур. Дури потоа ќе можеме да се фокусираме на оние нешта на кои не можевме да им посветиме внимание.rnrn
rnrnПочнувајќи од 13 јуни, Меркур ќе премине во Близнаци. На почетокот на јуни и Сонцето ќе биде во истиот знак што ќе ни донесе енергија и многу нови активности. Астролозите нè советуваат да бидеме љубопитни и подготвени за нови можности.rnrnОсвен тоа, на 30 мај ќе настапи млада Месечина која ќе биде во знакот Близнаци и ќе има влијание врз нашите животи. Овој хороскопски знак е познат по потребата за комуникација, информации и авантури. Неговото влијание ќе се одрази преку нашите обиди да се поврземе со другите и да излеземе од нашата удобна зона.rnrnНа 21 јуни Сонцето ќе премине во Рак. Овој настан официјално ќе ја одбележи летната краткодневица. Според астролозите, во овој период неопходно е да размислиме во која насока се движиме, но и да ја процениме моменталната стабилност.rnrnПланетата на љубовта и убавината, Венера, ќе остане во знакот Бик од 28 мај до 22 јуни. Нејзината енергија ќе им донесе на многумина страст и романса. Астролозите сметаат дека љубовта што ќе ја најдеме во овој период ќе трае вечно. Освен тоа, Венера ќе ги разбуди нашите таленти, а ќе влијае позитивно и врз нашите финансии.rnrnНа 28 јуни, пак, ќе настапи млада Месечина во Рак, а тоа ќе значи време за промени. Младата Месечина вообичаено отвора нова врата во нашите животи, па така во овој период енергијата на универзумот ќе нè натера да ја напуштиме нашата удобна зона.rnrnЗа време на транзитот на Јупитер низ знакот Овен, особено до 28 јули 2022 година, можеме да очекуваме многу страсти, импулсивни одлуки и реакции.rnrnОткако прочитавте кои ќе бидат најсреќните денови во јуни, можеби ќе сакате да го прочитате и хороскопот за летото 2022 година.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
Кои ќе бидат најсреќните денови во јуни?
