Сè до 3 декември ќе бидеме под влијание на енергијата на ретроградниот Нептун. Оваа планета е тесно поврзана со соништата и илузиите, па така може во значителна мера да ни помогне да ги оствариме нашите соништа.rnrn
rnrnПостои веројатност дека за време на ретроградниот Нептун ќе настапи значителна промена во однос на нашите ставови како и плановите за иднината. Така, во овој период од исклучителна важност е да си посветиме доволно време себеси. Во продолжение прочитајте кои хороскопски знаци ги очекуваат големи промени сè до 3 декември.rn
Близнаци
rnИако сакате да го поминувате најголемиот дел од времето во друштво со пријателите, сепак овој период ќе одвоите време и за себе. Покрај тоа, време е да се соочите со вашите инстинкти и чувства, особено доколку ги потиснувавте во последно време. Опуштете се и дозволете сè да излезе на површина. Не заборавајте дека кога ќе се поврзете со вашето внатрешно битие ќе можете полесно да ги залечите раните од минатото, но и да добиете одговори на прашањата кои ве мачат долго време.rn
Вага
rnСè уште не може да ги пребродите тешките и болни искуства од минатото, но време е да ѝ кажете крај на болката која ви ја предизвикуваат. Сè до 3 декември ретроградниот Нептун ви нуди можност да се соочите со вашите чувства. Одвојте време за себе и размислете што е тоа што толку многу ве повредило, а токму овие сознанија ќе ви дадат сила да простите и да продолжите понатаму. Астролозите ви препорачуваат да бидете пољубезни кон себе.rn
Стрелец
rnИако сте дружељубива личност која честопати е во центарот на вниманието и остава впечаток на задоволна и среќна личност, некои работи ќе почнат да се менуваат. Под влијание на енергијата на Нептун ќе престанете да глумите пред другите и да покажувате лажна насмевка доколку тагата се крие во вас. Ова ќе биде вашата најголема промена во следните неколку месеци. Со други зборови, оваа промена ќе ви помогне да се прифатите себеси онакви какви што сте.rnrnОткако прочитавте на кои хороскопски знаци најмногу ќе им влијае ретроградниот Нептун, можеби ќе сакате да прочитате и кои хороскопски знаци ќе се збогатат во јули.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs