КАФЕ ПАУЗА

Како ќе ни влијае ретроградниот Хирон од 19 јули до 23 декември?

Како ќе ни влијае ретроградниот Хирон од 19 јули до 23 декември?

Хирон го започнува своето ретроградно движење на 19 јули, ретроградна фаза која се случува еднаш годишно и која ќе трае до 23 декември 2022 година. Хирон е астероид што орбитира помеѓу Сатурн и Уран и се одликува со неверојатна космичка енергија за личен раст и развој.rnrnКако ќе ни влијае ретроградниот Хирон од 19 јули до 23 декември? rnrnЕнергијата на Хирон помага во процесот на исцелување на нашите рани, но ни дава сила и да ги пребродиме траумите од минатото. Освен тоа, секој од нас ја поседува истата енергија како Хирон. Со други зборови, секој има способност да ја трансформира сопствената болка во извор на моќ.rnrnКако што вели Руми, раната е местото низ кое влегува светлината.rnrnСо оглед на тоа дека позицијата на Хирон ќе биде меѓу Сатурн и Уран, важно е да се знае дека енергијата на Сатурн е стабилна, додека онаа на Уран ни помага да ги разбудиме нашите сетила. Нивната целокупна енергија ни носи нова фаза од животот со нови можности.rnrnЕнергијата на Хирон ќе биде посебно моќна кога астероидот ќе биде во знакот на Овен. Огнениот Овен, од друга страна, нè поттикнува да најдеме сила во себе и ни дава храброст и самодоверба. Истовремено нè тера да се ослободиме од сето она што нè ограничува и нè спречува да растеме.rnrnОваа ретроградна енергија може да ни послужи како сознание дека и лошите моменти во животот ни помагаат да созрееме, дека и тие се дел од нашата судбина. Од нив учиме, се развиваме, сфаќаме дека доаѓаат подобри денови по моментите полни со болка, тага и разочарување.rnrnЗа време на ретроградниот Хирон размислете за некое болно искуство од минатото. Размислете на кој начин можете да извлечете поука од она што веќе сте го искусиле и како тоа искуство може да ви биде поттик да продолжите понатаму во животот, со надеж дека работите ќе се подобрат.rnrnОткако прочитавте за ретроградниот Хирон и неговото влијание во следните месеци, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 хороскопски знаци ги очекуваат големи промени сè до 3 декември.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs