rn
Вага: Кадифе
rnВагите се родени дипломати, а познати се и како знак кој ги цени убавите работи. Затоа за нив најдобар есенски тренд ќе биде кралското кадифе и тоа во вид на некое елегантно парче облека, како на пример сако.
rn
Скорпија: Долна облека како облека
rnСкорпиите добро ги знаат сите тактики на заведување во секоја прилика и во секоја доба од денот, па облеката која потсетува на долна облека е идеалниот есенски тренд за нив. Изберете секси фустан во вид на ноќница или сатенска кошула и облечете ја врз обична блуза, џемпер, маица…
rn
Стрелец: Чизми над колена
rnЖените родени во овој знак се авантуристи и поголемиот дел од денот сакаат да го минуваат надвор од домот. Затоа овие практични чизми, кои и визуелно ќе ги издолжат нивните нозе, се одличен есенски тренд за нив.
rn
Јарец: Карирано сако
rnБезвремената класика за оваа есен е во центарот на вниманието, а е совршен избор за амбициозните Јарци кои покрај сѐ, сакаат да изгледаат успешно.
rn
Водолија: Пердуви
rnВодолиите ја ценат индивидуалноста и сакаат да остават впечаток каде и да се појават. За тоа оваа сезона ќе се погрижат пердувите, особено доколку се наоѓаат на обувките.
rn
Риби: Бохо фустан
rnНосталгичните Риби обожаваат винтиџ облека, па сигурно омилениот есенски тренд за нив ќе бидат долгите, лелеави бохо фустани.
Бидејќи ни доаѓа есента, а температурите надвор се намалуваат, откријте каков капут најдобро му прилега на вашиот хороскопски знак.

