КАФЕ ПАУЗА

Каде го чека среќата вашиот хороскопски знак во 2015?

rnrn(1) Kade-go-cheka-srekjata-vashiot-horoskopski-znak-vo-2015-godina-www.kafepauza.mkrn

Вага

rnОдносите со партнерот ќе се менуваат, затоа што вашиот партнер ќе се менува, а вие како и секогаш ќе балансирате и ќе се менувате со цел да не ја пуштите напнатоста да влезе во вашата врска или брак. Прифаќајте ги промените и ќе ви биде полесно. Ако сте сингл, може да сретнете личност која е малку поинаква од вас, необична, своја и независна. Предизвиците ќе бидат присутни во вашиот љубовен живот во новата година. Можат да ви донесат разни изненадувања по кои ќе ја паметите долго време.rnrnРодените од 23 до 29 септември треба да обрнат внимание на почетокот на годината, како и септември и октомври, периоди во кои планетите им даваат можност добро да просперираат доколку ги прифатат и одговорностите кои доаѓаат со успехот. Родените од 23 до 25 септември ќе бидат подложни на исклучителни промени во август и септември. Животот на женските Ваги ќе добие шанси за промени после 28 септември од страна на некој маж, но во тоа треба да влегуваат внимателно. Доколку промените се случат во октомври, шансите за успех се поголеми. Ако не можете да ги избегнете промените кои не ги сакате, тогаш од најголема важност ќе биде да ги прифатите и да се приспособите на нив.rnrnРаботете на сопствениот внатрешен мир и стабилност. Ова особено важи за периодот околу 20 март и околу 4 април. Родените во октомври, а особено оние меѓу 4 и 13 октомври, ќе бидат подложни на расположенија и настани кои можат да ги исфрлат од колосек. Затоа немојте да се опуштате премногу. Ќе бидете изложени на притисок од страна на некој кој има авторитет над вас. Овој период носи и можност за завршување на незавршени работи од минатото.rnrnКако и да е, среќата ќе биде достижна на вас во оваа година. Треба само да работите на хармонија во односите со другите, да ја зајакнете својата одлучност и да пробате да се реализирате низ некоја група. Ако подзнакот ви е Вага, тимската работа или помошта од блиските ќе ви го промени животот на подобро.rnrn rn

Скорпија

rnСкорпии, ова е ваша година. Ако некој треба да биде среќен во 2015, тоа сте вие. Во минатиот период вие научивте да бидете посериозни и поодговорни, така што со добро искористување на одлично поставените планети во следната година вие можете да стигнете до долго посакуваните цели. Можеби ќе добиете поддршка и од некој авторитет или член на семејството, но со работа можете секаде далеку да стигнете.rnrnЌе доживеете убави промени во полето на работата и здравјето. Изненадувањата се можни, а вам ви останува да ги прифатите и да уживате во нив. Тие можат да ја променат секоја состојба од која сте незадоволни. На работното место применете некои нови методи на работа, нови технологии и тоа ќе води до успех.rnrnСкорпиите родени на крајот на октомври треба да очекуваат пријатни настани на емоционален план, или пак во креативната или хуманитарна работа доколку се бават со нив. Бидете поактивни и повредни во текот на август и септември на кое било поле на кое ќе ви се укаже прилика и среќните моменти ќе бидат неизбежни.rnrnЕдинствено Скорпиите родени од 19 до 21 ноември треба да внимаваат во текот на летото, од втората половина на јуни до првата половина на август. Овој период отвора можност за соочување со некои настани и проблеми од минатото кои бараат решавање.rnrnОние чиј подзнак е Скорпија во следната година нема да ги чувствуваат негативните влијанија во однос на здравјето. Добрата страна на минатите проблеми на ова поле е тоа што ви даде можност да научите да бидете подисциплинирани и повеќе да се грижите за своето тело.rnrn rn

Стрелец

rn2015 година на Стрелците родени од 23 до 28 ноември им носи нови обврски, но може истовремено да им ги зголеми амбициите. Оние кои се веќе одговорни личности и кои се навикнати на обврски тоа лесно ќе го поднесат и ќе созреат уште повеќе. Стрелците кои студираат или работат во странство ќе се соочат со поголеми предизвици, а оние кои сакаат да отпатуваат некаде ќе треба повеќе да се потрудат околу тоа. Шансите за патувањата во странство ќе се зголемат кон крајот на јуни и ќе траат до крајот на летото.rnrnСтрелците својата среќа во оваа година ќе ја чекаат во првата половина на годината. Родените од 3 до 20 декември, а особено оние од 5 до 7 декември, имаат поголеми изгледи да ги остварат своите цели. За овие вторите, поволен период за каков било потег се февруари и март.rnrnОние со подзнак Стрелец имаат добра можност да се посветат на духовниот живот. Некои од нив ќе добијат можност и да се преселат во странство. Истовремено, подзнакот во Стрелец носи и потреба за соочување со самиот себе и носење на неопходни промени. Ќе биде потребно да се откажете и да се воздржувате од нешто. Ова особено важи за оние кои имаат проблем со исхраната и телесната тежина.rnrnНа Стрелците ретко кога нешто им паѓа тешко. Тие знаат како да ја пронајдат позитивната страна на работите. И годинава, тие ќе научат многу од тешките моменти и од тоа ќе извлечат знаење и сила за да ги остварат своите цели.rnrn