КАФЕ ПАУЗА

Хороскопот открива: Кои се вашите најлоши особини?

Секој хороскопски знак го красат добри карактеристики, но мора да бидеме реални и да признаеме дека во нас се кријат и лоши особини. Тоа многу често знае да биде причината зошто не можеме да најдеме заеднички јазик со некои луѓе или не сме секогаш сфатени од околината.rnrn(1) Хороскопот открива: Кои се вашите најлоши особиниrn

Овен

rnРодените во овој знак знаат да бидат непристојни и да користат лош и навредлив речник кога ќе се почувствуваат испровоцирани во одредени ситуации. Тие многу често знаат да влезат во улога на „адвокати на ѓаволот“. Не ретко ги користат своите предности на лош начин и многу често се соочуваат со внатрешен конфликт.rn

Бик

rnБиковите имаат тенденција да одрекуваат дека имаат одредена одговорност во тешки ситуации или проблеми. Тие речиси никогаш не сакаат да се справуваат со нештата и ги игнорираат своите грешки. Биковите многу често избегнуваат конфликти, што им предизвикува анксиозност и создава проблеми на подолг пат, затоа што најчесто го избираат полесниот начин за излез од одредени кризи.rn

Близнаци

rnРодените во овој знак многу често не се сосредоточени и нема да се поправат доколку направат некаква грешка. Тие никогаш нема да се извинат и го повишуваат својот глас ако некој им даде замерка дека не прифаќаат критика.rn

Рак

rnНајлошата карактеристика на Раковите е што знаат многу често да си го „пикнат носот“ во работи кои не треба да ги интересираат или кои воопшто не ги засегаат нив. Тие може премногу да ве осудуваат, да имаат предрасуди и да бидат заштитнички настроени кон себе. Со потребата да се заштитат самите, сметаат дека се подобри или посвети од вас.rn

Лав

rnРодените во овој знак знаат премногу да се возбудуваат и да се дружат со погрешни луѓе. Лавовите секогаш околу себе имаат голема група луѓе, од кои ретко знаат кои им се вистински пријатели. Тие се лоши слушатели и не знаат да се извинат дури и во оние ситуации во кои е премногу јасно дека направиле одредена грешка.rn

Девица

rnПонекогаш е многу тешко да ја запознаете Девицата во нејзиното вистинско светло. Родените во овој знак се плашат дека можат да бидат одбиени и неразбрани, поради што често се затвораат и се кријат зад нивната срамежлива природа. Но, кога ќе се отворат, можат да имаат премногу заштитнички однос и да почнат да го „гушат“ својот партнер или пријател.rn

Вага

rnВагите знаат да се кријат зад маски. Многу е тешко да знаете што навистина чувствуваат. Многу често изгледаат полни со самодоверба, смирени и шармантни, а зад маските ги затскриваат сомнежите за себе и мрзеливоста. Знаат да се претстават во сосема различно светло од она што навистина го носат и чувствуваат во себе.rn

Скорпија

rnСкорпиите се тврдоглави. Тие најчесто веруваат единствено во своите потреби и тоа го ставаат над сè останато. Можат да бидат премногу самоуверени околу своите идеи, а тоа понекогаш им предизвикува проблеми. Многу често знаат да се затворат во себе, а таквата карактеристика знае да ги навреди луѓето околу нив. Имаат наклонетост кон контролирање на работите, а тоа кај околината остава впечаток дека сакаат да манипулираат и оти немаат доверба во луѓето.rn

Стрелец

rnЕдна од полошите карактеристики на овој знак е што понекогаш го слушаат само она што им одговара да го слушнат, а тоа доведува до занемарување на останатите луѓе и нивните чувства. Стрелците често знаат да ги прекинуваат луѓето додека разговараат со нив, што кај соговорниците предизвикува чувство на инфериорност и вознемиреност. Родените во овој знак, многу често прават несвесни работи и грешки.rn

Јарец

rnЈарците секогаш кријат некој дел од себе од своите пријатели. Многу често го користат молкот како нивно оружје и тие се господари на манипулацијата. Можат да одат до екстремности кога ќе се налутат и кога не им се балансирани емоциите.rn

Водолија

rnВо најлошиот случај Водолијата може да биде многу напорна. Тие премногу се обидуваат да ги добијат вашите симпатии, внимание и потврда. Тешко влегуваат во тек со социјалните или друштвените настани и имаат тенденција да ги одбегнуваат без да забележат дека го прават тоа.rn

Риби

rnРибите знаат работите да ги сфатат премногу сериозно и да развиваат екстремни емоции во себеси. Често се однесуваат самоуништувачки и избегнуваат непријатните ситуации и конфликти. Тоа ги доведува во изолација, без притоа да понесат одговорност за своите постапки.