rnrn
rn
Рак: Сестра која сака најмногу на светот и го очекува истото за возврат
rnРаковите се посветени на семејството и на семејната динамика, па своите брат или сестра ги доживуваат безмалку посесивно. Сакаат по секоја цена да имаат близок однос со нив, па ако тие не одвојуваат доволно време за семејството, тоа Раковите тешко го поднесуваат. Раковите секогаш се грижат повеќе за нивните браќа или сестри одошто обратно. Барем така изгледа.rn
Лав: Сестра на која мора да ѝ се дозволи да биде главна
rnЛавовите сметаат дека нештата мора да се прават на одреден начин, поточно така како што тие мислат дека треба. Во комбинација со оваа карактеристика, тие истовремено и ги гледаат своите браќа и сестри како недоволно компетентни. Тие често стравуваат дали задачата која им ја задале на својата сестра или брат ќе биде изведена како што треба и можеби затоа е дури и подобро да им се препушти водството ним. Само така ќе има мир во домот.rn
Девица: Сестра која дели совети (или соли памет)
rnДевицата не може да поднесе кога нејзините брат или сестра ги повторуваат истите грешки и затоа често нудат еден куп совети и разговорот го започнуваат со симпатичната фраза „по мое мислење“ или „јас да сум на твое место“. Можеби нејзиниот совет ќе ви оди на нерви, но каква сестра би била таа доколку само отстрана би набљудувала како нејзината најважна личност на светот секогаш ја прави истата грешка?!rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
