rn
Рак – Сјај постигнат со руменило
rnВие сè што ќе посакате можете да го постигнете со четка и руменило, бидејќи тоа е вашето тајно оружје. Експериментирајте со боите, испробајте потемни нијанси за ноќно излегување, а посветли за дневно. Користете руменило за да го контурирате своето лице и да постигнете секси, но пред сè, впечатлив изглед.rnrn
rn
Лав – Вашата коса
rnСекако, за вас најдобриот бјути трик е вашата коса, која воедно е вашиот најголем атрибут, но и начин да флертувате. Вие ја обожавате својата коса и секогаш ја третирате со посебно внимание. Како на вистинска Лавица, вашата грива за вас значи сè, па вас не може ништо да ве изнервира повеќе од тоа фризерот да ви ја упропасти вашата фризура. Затоа е многу важно да ги обезбедите сите препарати кои ќе ви овозможат да имате преубава и сјајна коса.rnrn
rn
Девица – Совршена кожа
rnКако перфекционисти, Девиците ќе направат сè за да изгледаат беспрекорно, па и тоа да бара многубројни откажувања и болни третмани. За вас вашата кожа е вашето богатство, па затоа и во текот на секој бјути третман ќе водите огромна грижа за секоја точка, дамка или брчка.rnrn
rnrn
