Не мора да значи дека сè ќе тргне наопаку со мајка му штом се мажите, но пожелно е да ги имате овие работи на ум.rnrn
rn
Овен
rnКога таа ќе се доближи до вашиот дом ќе се чувствувате како војник на кого му се приближува генерал. Дома ви влегува како ураган и се однесува како да не ја интересира вашиот личен живот, но нека не ве залажува тоа. Нејзе ја интересира повеќе од она што можете да замислите. Очекувајте да ви пререкува заради готвењето, затоа што таа не сака нејзиното синче да пати поради вашето „лошо“ готвење. Сака секаде да заповеда и да суди, па затоа е важно да ѝ се спротиставите уште од самиот почеток.rn
Бик
rnТаа ќе биде горда на вас – сопругата на нејзиниот син, но кога најмалку очекувате ќе ве потсети дека сте во брак со него, онака без причина. Тоа ќе значи дека нешто не ѝ се допаѓа. Свекрвата родена во Бик е материјалист и секогаш ќе има што да ви каже за вашите финансии. Опседната е со ред и чистота. Доколку сакате да ѝ угодите со некој подарок, имајте предвид дека нема толку да ја интересира убавината на подарокот, колку неговата цена. Ако често ѝ ги оставате децата на чување, очекувајте да бидат разгалени и дебели.rn
Близнаци
rnАко нејзе ѝ оставите добар впечаток, тоа ќе биде како да сте добиле на лотарија. Тешко ќе се разберете со неа, затоа што едно мисли, друго говори, а трето прави. Ќе биде идеална за чување деца затоа што има силно чувство на одговорност. Сака да се меша во личниот живот на својот син, а во брачните расправии нема секогаш да биде на негова страна. Тоа ќе биде така не затоа што ве сака вас, туку затоа што одлучува според моменталното расположение.rn
Рак
rnРакот е предвидлива свекрва и не е опасна, но е доста раздразлива. Не обидувајте се да ја излажете затоа што има силна интуиција. За нејзината храна секогаш треба да велите дека е совршена и неповторлива за да не се најдете на нејзината црна листа. Многу е чувствителна, но сè што прави е за да биде поблиску до децата и семејството.rn
Лав
rnНемате среќа ако ви се падне ваква свекрва. Таа во вас ќе гледа своја конкуренција, па затоа не очекувајте пофалби од нејзина страна. Покажете заби уште на почетокот затоа што таа е еден од најинтелигентните знаци во зодијакот и ќе знае да игра валкано со вас. Постојано ќе се труди да ве контролира вас и вашиот дом затоа што таа има потреба да надгледува сè околу неа. Нејзина добра страна е што е добар педагог и нема да ги разгали внуците и покрај големата љубов.rn
Девица
rnТаа е многу поразумна и поедноставна свекрва од другите и не се обидува да се наметне по секоја цена. Ако домот постојано да ви биде супер чист и таа нема да ви најде мана. Во спротивно ќе се однесува како полицаец и ќе ве држи на око. Штедлива е и затоа можете од неа да добиете добар финансиски совет. Ако разговарате со неа за парите, тоа многу ќе го зацврсти вашиот однос.rn
Вага
rnТаа ќе биде ваша десна рака. Секогаш ќе биде тука во ситуациите во кои ви е потребна и во оние во кои не ви е потребна. Нема лесно да се вовлекува во семејните расправии. Секогаш ќе биде добро расположена и ќе им купува скапи подароци на внуците.rn
Скорпија
rnНикогаш не знаете каква свекрва ќе биде Скорпијата. Таа може да биде прав тиранин кој ќе ве стрела со поглед и со зборови или пак ќе ве обожава. И во двата случаи битно е да бидете искрени со неа, затоа што многу го цени тоа. Обично е тешка на почетокот, но со тек на време ќе видите колку е таа чувствителна, внимателна и спремна да помогне во секоја ситуација.rn
Стрелец
rnСвекрвата родена во овој знак ќе биде отсутна. Смета дека нејзиниот син не е веќе нејзина грижа, туку ваша, и затоа нема во ништо да ви се меша. Ќе бидете опуштени покрај неа. Нејзе во подоцнежните години од животот ја интересира духовниот свет, па може да се зближите доколку тоа ви е заедничко.rn
Јарец
rnСе меша само кога парите се во прашање затоа што тоа ја опседнува. Останатиот дел од вашиот заеднички живот со нејзиниот син не ја интересира премногу. Ако ви затреба некој да ви помогне со готвење или да ви позајми пари, таа е тука. Немојте да ѝ оставате премногу време со вашите деца затоа што може неверојатно да ги разгали.rn
Водолија
rnНејзе ја интересира општата благосостојба и речиси нема да се меша во вашиот брак. Ако интелектуално не сте рамни на неа, таа помалку ќе ве сака, но секако ќе ве почитува. Секогаш можете да побарате пари на заем од ваква свекрва. Ако ѝ дозволите да влијае на внуците, таа ќе сака да ги научи да мислат самостојно.rn
Риби
rnНема да сака да излезе од кај вас, но не за да ве контролира, туку за случајно да не ви затреба нешто. Држете ја на дистанца, но спомнувајте ѝ колку ја цените нејзината помош. Така ќе направите да се чувствува удобно покрај вас. Ќе биде прекрасна баба на вашите внуци поради нејзината бескрајна внимателност.