КАФЕ ПАУЗА

Астрологијата и вашиот стил на учење за тест

Астрологијата и вашиот стил на учење за тест

Учењето пред испит може да биде застрашувачки за некои ученици/студенти. Родителите можат да им помогнат на своите деца да бидат поуспешни, ако ги поддржат на ефикасен начин, а околу одбирањето вистински метод на мотивација, ќе им помогне токму астрологијата.rnrnАстрологијата и вашиот стил на учење за тестrnrn

Овен

rnОвенот сака да биде победник, така што неговите родители треба да смислат некоја награда која  нивното дете ќе ја добие ако го положи тешкиот тест, за да го мотивираат. Овните брзо губат трпение, поради што за да останат фокусиранi, им се потребни почести паузи од учење, кои вклучуваат физичка активност.rnrn

Бик

rnБавниот и стабилен бик, може да се исфрустрира ако некој го форсира да биде побрз во завршувањето на задачите. На него му требаат многу часови за темелно да ја заврши започнатата работа, за што му е потребна тивка и мирна работна средина.rnrn

Близнаци

rnКако најсоцијален и најкомуникативен знак, близнаците најдобро ги завршуваат нивните задачи кога имаат со кого да си ги прераскажат лекциите. Приватен професор или пријател кој ја учи истата материја, е она што ним им е потребно за да останат фокусирани.rnrn

Рак

rnРакот може да потроши повеќе време мечтаејќи како ја завршува задачата, отколку што стварно работи на случајот. Нив им е потребна малку храброст и нежен поттик, за да им тргне работата. Претставниците на овој хороскопски знак се познати по тоа дека уживаат во храната, па некои здрави грицки и витамини добро ќе им дојдат, додека учат за тест.rnrn

Лав

rnПризнавање и почитување на талентот кој тој го поседува, ќе му помогне да остане мотивиран. Фокусирајќи се на своите успеси, на лавот може да му се зголеми желбата за создавање нов успех. На претставниците на овој знак би им годел систем на наградување, за добро завршената работа.rnrn

Девица

rnВнимателната, уредна и трудољубива девица сака совршено да си ги извршува своите обврски, така што таа може и воопшто да не го учи предметот, ако смета дека нешто не прави како што треба. Родителите треба да ја мотивираат, така што ќе ѝ дадат на знаење дека грешки секому му се случуваат и да ѝ влеат храброст и позитивна енергија за да може да ги реши сите проблеми.rnrn

Вага

rnНа дружељубивата вага ќе ѝ користи да биде во друштво додека учи. И покрај тоа што таа може да се дефокусира од учењето, правејќи си муабет, сепак доколку е опкружена со добар ученик/студент, голема е веројатноста да остане концентрирана на предметот.rnrn

Скорпија

rnСкорпијата сака да навлезе во суштината на материјата и да го разреши секој проблем или дилема која ја има. Таа не сака да работи на површни задачи, кои немаат никаква поента. За да останат фокусирани на тематиката, на скорпиите добро би им дошол квалитетен тутор, на кој тие му веруваат и го почитуваат.rnrn

Стрелец

rnНајдобриот наставник во зодијакот е токму стрелецот, па поради тоа тој останува мотивиран доколку паралелно додека учи, им помага и на други колеги/соученици да ја сфатат материјата. Објаснувајќи му ја проблематиката на некој друг, стрелецот си помага и себеси побрзо и поквалитетно да сфати за што станува збор.rnrn

Јарец

rnСериозниот јарец сака концизен план додека учи, па родителите можат да му помогнат на начин што ќе му одредат време и место кое ќе го посвети на учењето. Јасно поставени граници ќе му помогнат на овој знак да сфати што точно се очекува од него како студент/ученик.rnrn

Водолија

rnНа оригиналната водолија може да ѝ претставува проблем секојдневното седнување на маса пред отворената книга. За да не ѝ досади брзо, родителите треба да смислат разни начини на кои ќе ја наградат ако ги положи тестовите. На тој начин, на водолијата учењето ќе ѝ биде поинтересно и плус ќе биде помотивирана да научи сè што е потребно за да положи.rnrn

Риби

rnСензитивната риба можеби изгледа како повеќе да мечтае, отколку што реално ги завршува домашните задачи за на училиште/факултет. Но, ако ѝ дадете добар распоред на време, таа сè ќе научи во дадениот рок и ќе постигне успех на тестовите. На рибата исто така, може да ѝ годи слушањето музика додека се спрема за испит.rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.