Почнувајќи од денес, на 3 хороскопски знаци ќе им се разубави љубовниот живот благодарение на позицијата на Месечината во аспект со Јупитер. Јупитер го претставува развојот на нештата, а Месечината е симбол на чувствата. Ако сте сингл, ова е вистинското време да запознаете нови луѓе и да воспоставите врски. Постои огромен потенцијал да ви се оствари сè што сакате да направите за време на овој транзит бидејќи Јупитер не само што сјае позитивно и им дава надеж на работите, туку ја прави иднината – во поглед на љубовта – полесно остварлива.rnrn
rnrnПрочитајте во продолжение на кои 3 знаци ќе им се насмее љубовта во следниот период.rn
Бик
rnСвесни сте за влијанието што го има Јупитер врз вас и за време на овој транзит, вие се чувствувате речиси принудени да се стекнете со повеќе од тоа што го имате. Вашиот љубовен живот сигурно ќе се подобри бидејќи сте подготвени да му пружите повеќе внимание на партнерот. Сфативте дека за да се биде во врска, потребно е пред сè да посветите доволно време на вашата сакана личност. Напорите што ќе ги вложите денес ќе вродат со успех. Веќе се помиривте со тоа кои сте, кои се вашите маани и тоа ќе ви помогне да се чувствувате доволно сигурни во вашата врска. Оваа недела и слободните Бикови исто така ќе бидат исполнети со самодоверба и позитивни мисли.rn
Близнаци
rnВашиот љубовен живот сигурно ќе се подобри во следниот период затоа што напорно работевте за тоа, па сега време е да уживате во успехот. Кога Близнаците ќе намислат да направат нешто, ќе го направат, како да се магионичари. Иако во последно време негативните мисли ви го нарушија менталното здравје, се чини дека тие денови поминаа, па затоа сега сте подготвени да го дадете најдоброто од себе. Со вашиот партнер поминавте низ многу премрежја, а можеби и имало моменти кога сте помислиле дека сè е готово. Не грижете се, тие денови се минато, но сега вашиот љубовен живот е стабилен и безбеден. Ако сте слободни, очекувајте повик од стар пријател кој може набргу да се претвори во нов љубовен интерес.rn
Стрелец
rnОна што го барате во љубовната врска е партнерот да ве прифати такви какви што сте. Благодарение на позицијата на Месечината и Јупитер, ќе се зближите со една личност. Можеби веќе се познавате, или пак тоа ќе биде некое сосема ново познанство во вашиот живот. Она што ќе ви биде очигледно е тоа што личноста ќе ве прифати онакви какви што сте и ќе сфати дека ви треба простор, како и време да бидете сами со себе. Тоа за нејзе ќе биде сосема во ред. Јупитер е вашата планета и ќе ви помогне да ја пронајдете љубовта од вашите соништа.rnrnОткако откривте кои 3 хороскопски знаци ќе имаат среќа на љубовен план, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 хороскопски знаци ги очекува неверојатна среќа до 22 ноември 2021.rnrnИзвор: yourtango.com