Инспирирани од еден од највизуелните предели на Норвешка, луѓето од архитектонското студио Хајри Атак дошле до спектакуларен концепт за нов хотел. Предлогот вклучува сместување вгнездено на страната на Прекостолен, карпа која „лебди“ 604 метри над фјордовите. Ова е веќе популарна дестинација за туристите, но сега тие ќе имаат причина плус да ја посетат, благодарение на овој впечатлив хотел.rnrn
rnrnХотелот ќе се пристапува од врвот на карпата и ќе има заеднички простор за одмор и 9 гостински соби вгнездени на предниот дел од карпата. Горниот влез ќе служи и како место од каде што ќе може да се ужива во убавата глетка, а вистинските трагачи по авантура ќе можат да се нурнат во спектакуларниот базен за кој дефинитивно треба храброст. Стакленото дно ќе им овозможи на пливачите да уживаат во глетката на фјордовите.rnrn
rnrnЦелиот концепт е инспириран од една фотографија која му била испратена на основачот Хајри Атак. Возбуден од фотографијата којашто му ја пратил пријател од неговото патување во Норвешка, Атак одлучил да вклучи свое архитектонско дело во оваа сцена која го покачува адреналинот.rn
„Иако не бев таму, почувствував адреналин како да стојам на работ“, вели Атак. „Потоа сонував да живеам на работ и понатаму од него. Едноставно, сакав да го продолжам ова искуство и по границата, и замислата да го имам ова искуство едноставно ме инспирираше.“
rn
rnrnИако овој мал хотел во моментов е само фантазија во концепт-фаза, постојат други проекти за возбудливи стаклени базени кои се веќе во изградба. Погледнете го и овој бесконечен базен на кров од зграда, со панорамски поглед од 360 степени.