КАФЕ ПАУЗА

Волшебна панорамска фотографија од Дубаи која ќе ве вџаши

Волшебна панорамска фотографија од Дубаи која ќе ве вџаши

Ова е најверојатно најголемата фотографија во светот и истата едноставно ќе ве натера да заплачете што не сте таму, токму сега, во истиов момент! Таа нуди луксузен панорамски поглед од највисоката зграда во светот, Бурџ Халифа, овозможувајќи ви да „бидете“ во Дубаи, бар за момент.rnrnrnrnОваа фотографија е дело на Гералд Донован, на кој што му било дозволено да се искачи на највисоката точка на облакодерот Бурџ Халифа, на 828 метри надморска височина. Благодарение на него, можете да погледнете многу убави пејзажи од Дубаи, да го „посетите“ хотелот „Burj Al Arab”, најголемиот трговски центар во светот „Dubai Mall“, стазата за трки „Meydan”…rnrnВолшебна панорамска фотографија од Дубаи која ќе ве вџашиrnrnСоставена е од 48 посебни панорамски фотографии, кои ги фотографирал со резолуција од 80 мегапиксели, кои потоа ги составил во една. Резултатот е неверојатен: фотографијата е огромна и со неа можете да си играте, зумирајќи ја и ротирајќи ја, при што ви дава шанса да помислите како би се чувствувале, кога би седнале на врвот од највисоката зграда во светот. Тоа е глетката, која Том Круз ја популаризираше, седејќи на врвот од зградата, за потребите на снимањето на 4-тото продолжение од филмот „Невозможна Мисија“.rnrn

Волшебна панорамска фотографија од Дубаи која ќе ве вџаши
Том Круз се качува по зградата во филмот „Невозможна Мисија 4“
rnrnОваа фотографија е објавена во пресрет на свечената церемонија за доделување на наградите „HIPA“, која што ќе биде одржана во Дубаи, во март. Овој натпревар во фотографии има најголем паричен фонд за награди во светот. На фотографите ќе им бидат поделени 389.000 долари, а во целиот настан ќе учествуваат претставници од 99 земји. Победникот на „HIPA“, како главна награда ќе добие 120.000 долари.rnrnВолшебна панорамска фотографија од Дубаи која ќе ве вџаши
rnrn

„Ова е неверојатна фотографија направена од неверојатна локација. Таа ги рефлектира целите на HIPA, а тоа е проширување на границите на фотографирањето и прославување на фотографиите кои што имаат исклучителна убавина и квалитет и коишто навистина отскокнуваат“, вели Али Бин Талит, генералниот секретар за доделувањето на наградите.

rn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.