Ако вашата градина сè уште нема нов летен изглед, уредете ја во медитерански стил кој носи освежување во форма на убави бои кои се рефлектираат на сонцето. Медитеранскиот стил се карактеризира со присуството на природни материјали, светли бои и интересни дезени.rnrn
rn
Материјали
rnКај медитеранскиот стил, фокусот е ставен на употребата на исклучиво природни материјали. Ако сакате помодерен изглед, одлучете се за бетонски допир. Бетонскиот мебел е многу популарен детал, кој секако треба да биде покриен со убави шарени природни ткаенини. Ратанот, плетеното дрво и тврдите парчиња дрво треба да бидат дел од оваа приказна. Килимите, прекривките, веселите перници и разбрануваните завеси кои потсетуваат на морска клима се неизбежни детали на медитеранскиот стил. Дрвениот покрив и завесите ќе ви помогнат да уживате во приватноста во вашата градина и да уживате во нејзината убавина дури и за време на најжешките летни денови.rn
Детали
rnОна што го дополнува медитеранскиот стил се деталите – прекрасни фенери кои висат од таванот, сини и бели тонови, свеќи, зеленило и цветни елементи, вазни, саксии, украсни садови и сè останато што ве потсетува на море. Исто така, можете да додадете спомени од вашите одмори во форма на школки, морски ѕвезди, камчиња и слично.rnrnВо продолжение погледнете ги фотографиите од најубавите градини и тераси во кои доминира медитеранскиот стил.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ги овие идеи како да го претворите малиот двор или балкон во удобно место за релаксирање.
