Љубителите на гитарите, музиката и визуелната уметност сигурно нема да останат рамнодушни на овој вид арт! Американскиот артист Патрик Фишер има неверојатен талент да ги претвора и онака прекрасните гитари, во неверојатни уметнички дела насликани со мастило.rnrn
rnrnКористејќи тенки маркери од компанијата „Sharpie“, Фишер ја исполнува површината на гитарите, создавајќи комплексни облици и форми. Црното мастило ставено во контраст со природното дрво, создава визуелна текстура и длабочина на секоја гитара.rnrn
rnrnИнспириран од природата, дрвјата, инсектите и околината, Фишер му дава нов живот на секој музички инструмент кој ќе му се најде на дофат. Комбинирајќи ги светлосните зраци и мастилото, уметникот ја третира површината на гитарата како бело платно, на кое цртежите личат како да се врежани во дрвото.rnrn





rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
