Шпанската уметница Лаура дала Векија знае дека не се потребни скапоцени материјали за изработка на извонредни уметнички дела. Нејзината најнова колекција на рачно везени птици прикажува различни видови кои се директно зашиени на суви лисја.rnrn
rnrnОд тукани со портокалови клунови па сè до зелени папагали и колибри со црвено грло, артистката успеала да ја навезе секоја птица со неверојатна прецизност. Нејзините дизајни не само што умешно го доловуваат прелевањето на боите на птичјите крилја, туку и изгледаат како да се живи благодарение на употребата на светли и темни тонови.rnrnЗгора на тоа, уметницата користи гранчиња во своите дизајни за да го долови впечатокот дека секоја птица си има место за одмор. Тоа го постигнува така што завиткува неколку котелци околу малото гранче за да изгледа како ножните мускули на птицата ја „стегаат“ гранката. На тој начин, исушените лисја се претвораат во спектакуларни мали светови.rnrnВо продолжение погледнете дел од овие ремек-дела.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПродолжува на следната страница…rn
Уметница користи суво лисје како неконвенционално платно за везење птици
