Удобна фотелја за целосна релаксација

Сподели

Креирана од московскиот дизајнер Томпсон Томпсон, оваа удобна фотелја т.н. „Cocoon“ (кожурец) е совршена за одмор, релаксација и уживање и ви дава повод да поминете малку време сами со себе. Благодарение на специфичниот дизајн, оваа фотелја одлично се вклопува во спалната, дневната соба, дворот, па дури и во вашата канцеларија. Конструкцијата на фотелјата е направена од гранулирана структура, која истовремено ја прави цврста и флексибилна. Таа е достапна во различни тапацирани дизајни, кои им овозможуваат на купувачите да го направат вистинскиот избор според нивните преференции.Ако сакате тотално да се изолирате, можете да ги затворите „ушите“ на фотелјата и да медитирате во затворениот простор. 

Реклама

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Најново

Може ќе ве интересира