10 години по нејзиниот 11-ти спонтан абортус, загубата на една нејзина пријателка ја инспирирала фотографката Даен Јиделсон да создаде трогателна, но моќна фото серија наречена „Изгубено“.rnrn
rn
„Се водев од сопственото искуство“, објаснува таа. „Неодамнешното искуство со мојата пријателка ме натера да ја отворам белата кутија во мојот шкаф кој безбедно ги чуваше сите спомени на моите изгубени бебиња. Помина долго време откако последен пат ја отворив, и како што ги наредив сите нешта од неа на мојот кревет, почувствував дека оваа приказна треба да биде документирана.“
rn
rnrnНејзината надеж е дека преку споделувањето на овие фотографии со светот, таа ќе може да допре до голем број жени и мажи кои ја искусиле застрашувачката болка која доаѓа со губење на бебето. Таа сака да им покаже дека не се сами во своето патување. Црно-белите фотографии ги покажуваат спомените за сите нејзини изгубени бебиња, вклучувајќи облека, капи и играчки. Но, најважните детали се токму имињата на бебињата и нивниот сонограм.rnrn
rnrnФотографиите освоиле многу награди, но тоа што најмногу ја исполнува оваа фотографка е позитивниот одговор кој го добива од луѓето ширум светот.rnrn
rn
„За мене, многу поголема вредност има фидбекот од илјадниците жени и мажи кои најдоа начин да ме контактираат со цел да ми кажат дека ја ценат мојата работа и дека овие фотографии не само што ги тешат, туку и ги мотивираат да почнат да зборуваат и да го споделуваат нивното искуство“, вели таа.
rn
rnrnДаен се надева дека нејзините фотографии ќе помогнат да се засили информирањето за спонтаните абортуси, како и да се зголеми сфаќањето за нивното значење. Сите познаваат барем една личност која поминала низ ова искуство, без разлика дали е мајка, сестра, ќерка, сопруга или пријателка. Токму затоа и многу е важно да бидете полни со разбирање и да го поддржите нивното емоционално патување.rnrn
