КАФЕ ПАУЗА

Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?

Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?

Италијанскиот фотограф Габриеле Галимберти обожава да патува околу светот, во потрага по некоја нова авантура, добра приказна и интересни луѓе. За неговиот последен проект насловен „Toy Stories“ тој потрошил 18 месеци фотографирајќи деца од разни делови од светот, со нивните омилени играчки.rnrn

Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
Чива – Мекинчи, Малави
rnrn
Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
Жаклин – Манила, Филипини
rnrnТој не очекувал да открие нешто што веќе не го знаеме: На таа возраст, сите деца се прилично исти. Тие сакаат само да си играат.“ Но, начинот на кој си играат, очигледно се разликува од земја до земја. Галимберти открил дека децата во побогатите држави се попосесивни кон нивните играчки и не дозволуваат некој друг да им ги допре. Во сиромашните држави, некои деца имале само 2-3 играчки, но не им претставувало проблем ако некој друг им ги користи. Така, во Африка децата најмногу си играле надвор, со нивните другарчиња.rnrn
Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
Тангавитси – Кикорок, Кенија
rnrnНо, сепак постојат и голем број сличности помеѓу децата, во однос на улогата која ја имаат играчките во нивните животни. Така, едно 6-годишно момче од Тексас и 4-годишно девојче од Малави си играат со исти играчки – пластични диносауруси, за кои обајцата сметаат дека ги штитат од опасностите коишто ги чекаат во ноќите.rnrn
Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
Јулија – Тирана, Албанија
rnrnВоедно, интересно е тоа дека играчките честопати го рефлектираат и родното место на децата. Момчето од рурално Мексико обожава камиони, бидејќи секојдневно ги гледа како поминуваат низ неговото село, кога се движат накај шеќерната плантажа во близина. Дете од Летонија, сака да си игра со минијатурни колички бидејќи неговата мајка возела такси, додека пак едно девојче, ќерка на италијански фармер, има цел асортиман од пластично гребло, мотика и лопата.rnrn
Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
Орли – Браунсвил, Тексас
rnrnРаботејќи за овој проект, Галимберти научил и многу работи за родителите на децата. Така, родителите од средниот Исток и Азија ги терале нивните деца да се фотографираат, без разлика што тие биле на почетокот нервозни или вознемирени. Од друга страна, родителите од Јужна Америка биле многу релаксирани и му рекле на фотографот дека може да си ја работи работата како сака, сѐ додека нивните деца немаат ништо против тоа.rnrn
Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
Ботел – Маун, Боцвана
rnrn
Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
Ли Ја Чен – Шенјанг, Кина
rnrn
Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
Алесија – Кастиљон Фиорентино, Италија
rnrn
Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
Енеа – Болдер, Колорадо
rnrn
Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
Абел – Нопалтепек, Мексико
rnrn
Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
Лукас – Сиднеј, Австралија
rnrn
Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
Наја – Манагва, Никарагва
rnrn
Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
Ралф – Рига, Летонија
rnrn
Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
Арафа и Аиша – Бубубу, Занзибар
rnrn
Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
Тајра – Стокхолм, Шведска
rnrn
Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
Мауди – Калулуши, Замбија

rnrn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn