Ако сакате да ви тргне работата подобро одвојте време за преуредување на работното биро и за внесување на малку креативност и свежина! Доколку не знаете како да го изведете тоа, проследете ги следните неколку идеи.rn
Канцелариски материјал
rnНикогаш не ја потценувајте моќта на канцелариските материјали кога го уредувате работниот простор. Поседувањето на слатка кутија за пенкала или фенси држач за документи, секако ќе ви ја зголеми мотивацијата за повеќе работа и повеќе успеси.rn
Цвеќе
rnЦвеќињата се најдобар начин за разведрување на атмосферата. Зелената боја ќе ви ги опушти очите и ќе ви го освежи умот.rn
Фотографии
rnСе подразбира. На работното биро мора да имате фотографии кои ќе ви измамат насмевка и кои ќе ве потсетат дека постои живот и надвор од работата.rn
Омилените моливи и пенкала
rnКога работите неизбежно е да фаќате белешки, да запишувате контакти и слични работи. Затоа, најдобро е да имате повеќе од омилените моливи и пенкала на бирото, за да не ве фати паника кога ќе дојде време да се искористат.rn
Перниче за столот
rnЗошто столот да не го направите уште поудобен? Набавете си перниче со интересен и сладок дизајн, кое едноставно ќе ве натера едвај да чекате да почнете со работните активности.rn
Омилената шолја
rnНе заборавајте да оставите место и за омилената шолја. Нема ништо поубаво од топло кафенце во утринските часови и добар почеток на денот, кој ветува успех!rn
Слатки мали додатоци
rnНема подобар начин за внесување на малку карактер во просторот од негово облагородување со мали додатоци, кои носат големо значење. Навистина кажуваат многу за вас, а истовремено се забавни и креативни.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

