Што би сакале да бидете повеќе, пекар или дизајнер? На ова прашање Холи Фокс би одговорила „двете“. За неа, вистинската професија е кога комбинирате и спојувате различни бои и дизајни и кога како резултат се случува нешто интересно, а во овој случај и вкусно.rnrn
rnrnГрафичката дизајнерка од Лос Анџелес, Холи Фокс, ја споила својата страст за колоритни дизајни на печивата и колачите со нејзините графички способности и ги направила овие преслатки шеќерни колачиња.rn
„Започнав да печам и да правам колачи пред 5 години и тоа сосем случајно, за да видам дали можам да откријам како функционира филувањето на тортите. Оттогаш, мешам многу бои и многу накит и јас тоа го обожавам“, вели Холи.
rnПогледнете ја нејзината слатка галерија.rnrn






























