Без оглед на тоа дали се работи за нова кујна или за реновирање на спалната соба, преуредувањето на домот на почетокот на годината може да биде добра идеја. Реалноста е дека тоа може да биде прилично скапо. За среќа, постојат поевтини начини да го освежите просторот. Во продолжение прочитајте ги нашите трикови за како да го трансформирате домот во рок од 60 минути.rnrn
rn
Инвестирајте во голем тепих
rnВообичаеното размислување е дека доколку мебелот е поголем може да остави илузија дека просторот е помал, но всушност е спротивно. Големиот тепих може да помогне просторијата да остане пространа. Трикот преку кој ќе создадете илузија дека спалната соба е поголема е да го поставите тепихот само под половина од креветот.rnrn
rn
Сменете ја положбата на мебелот
rnДали вашиот мебел сè уште стои на истото место откако се преселивте? Нема потреба да трошите пари на нов мебел кога можете одново да го употребите стариот. Дозволете креативноста да ве води и направете нов распоред на мебелот во домот.rnrn
rn
Купете големо огледало
rnГолемите огледала се одлични како фокусни точки и се совршени за брзо украсување. Покрај тоа, големото огледало изгледа одлично во секој простор и најдобрата опција би била доколку го закачите на средината на просторот.rnrn
rn
Променете ги ламбите
rnЛамбите можат целосно да ја променат естетиката на собата, па затоа најдобра опција би била широки светилки кои рамномерно ќе ја рашират светлината низ просторијата и ќе ја направат поголема.rnrn
rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за трансформација на домот, можеби ќе сакате да прочитате и како да изберете модерни бои при преуредувањето на вашата бања.rnrnИзвор: zadovoljna.nova.rs