КАФЕ ПАУЗА

Самоук кинески фотограф со неверојатно око за фаќање чудни моменти низ објективот

Тао Лиу е самоук кинески фотограф кој не бил отсекогаш познат како што е денес. До неодамна бил само читач на водомерите во градот Хефеи со голем интерес за фотографијата. Во 2011 година купил добар фотоапарат и почнал да слика околу себе. Неговите фотографии сепак не се исти како оние на сите други фотографи-аматери, затоа што Тао има неверојатно око за фаќање на некои необични моменти низ својот објектив.rnrnСамоук кинески фотограф со неверојатно око за фаќање чудни моменти низ објективотrnrnОвие фотографии почнал да ги прави за време на паузите за ручек или додека се враќал дома од работа. Ги објавувал на интернет и кон крајот на 2014 година веќе почнало да доаѓа и вниманието од јавноста. Неговите необични слики станале многу популарни на кинеските социјални мрежи, а подоцна и на некои телевизии. Вели дека нивната цел е „да ги потсети луѓето за важните моменти во животот“. Неговите дела се неверојатно добри, имајќи предвид дека сè што знае за фотографијата го има научено самиот преку интернет, книги и списанија.rnrn

rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.