КАФЕ ПАУЗА

Самоук фотограф пронашол уникатен начин да фотографира венчавки рефлектирани на прстени

Некои од вас сигурно ќе се сетат на Питер Адамс-Шон, чии неверојатни свадбени фотографии рефлектирани на површината на очите од гостите даваат една посебна перспектива кон самата веселба. Овој пат, тој смислува уште една креативна и уникатна техника на фотографирање и ги направил овие свадбени фотографии рефлектирани од површината на венчалните прстени на младоженците.rnrnСамоук фотограф пронашол уникатен начин да фотографира венчавки рефлектирани на прстениrn

„Проектот еволуираше прилично многу во последниве неколку месеци, до нови предизвици и композиции. Сфатив дека свадбените фотографии рефлектирани на прстените ќе станат многу чести, па сакав да ги однесам работите уште подалеку“, објаснува Питер.

rnПитер ја нарекол оваа негова галерија „Ringscapes“ и експериментирал со неа уште од 2012-тата година, а како следен проект, вели дека има план да прави фотографии рефлектирани на површината на меурчиња од сапуница.rnrn