Веднаш штом го пречекорите прагот на влезот од пабот „Joben Bistro“ ќе се најдете во неверојатен свет на фантазијата. Овој паб кој се наоѓа во Романија, е уникатно дизајниран од страна на студиото „6th Sense“ така што изгледа како да е директно извлечен од страниците на Жил Верн или Х. Г. Велс. Тој е поделен на 3 простории во кои има мрежа од театарски инсталации и интересно дизајнирани елементи кои го прават овој паб исклучително креативен, но и удобен.rnrn
rnrnОна што навистина го прави овој паб неверојатен и иновативен е степенот на детали кои се инспирирани од научната фантастика, поточно од стимпанк (област од научната фантастика која вклучува парни машини). Целиот дизајн во просторот има свој допир на псевдо-Викторијански стил или ретро-футуристички. За љубителите на научната фантастика и фантазијата, овој паб е совршеното место за посета. Погледнете.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.









