Разигран дизајн на кауч кој изгледа како огромно и удобно гнездо

Сподели

Мерав (Салуш) Ејтан и Гестон Зар од „OGE Creative Group“ биле инспирирани од структурата на гнездото на птиците и токму затоа решиле да дизајнираат разигран простор за одмор. Овој дизајн го нарекле „Огромно гнездо за птици за креирање нови идеи“ и се состои од кружна дрвена структура, исполнета со меки перници во форма на јајца. На овој кауч можете да одмарате, да работите, па дури и да го употребувате како мини игралиште.

Реклама

Неконвенционалниот концепт ги надминува границите на типичен кауч и овозможува нов и забавен начин за опуштање и дружење. Овој продукт може да се порача во 4 димензии, започнувајќи од мал простор во кој би собрало од 2 до 3 луѓе, па сè до простор со големина од 4,5 метри каде што удобно би можеле да се сместат 16-тина луѓе. Компанијата која стои позади овој дизајн вели:rn
rn

„Концептот е моќен, но истовремено и едноставен. Тој нема потреба од објаснување или упатство за употреба, подготвен е веднаш за користење, без разлика дали станува збор за забава или работа. Едноставно скокнете во него и уживајте.“

rnrn
rn

Реклама

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Најново

Може ќе ве интересира