Џеф Летам, артистички директор на хотелот „Four Seasons Hotel George V“ во Париз, навистина се надминал себеси оваа година со празничните декорации во објектот. Тој креирал уникатно божиќно дрво од илјадници висечки електрични светилки. Окружена од 40 живи елки, на убавата инсталација ѝ се восхитувала и Опра Винфри, која неодамна го посетила парискиот хотел и пишала на нејзиниот профил на Инстаграм дека го обожава уникатното дрво.rnrn
rnrnВо лобито на хотелот, Летам работел со Мишел Аман од компанијата „Crystal Groups Designs“ со кој ги создале интересните златни ирваси. Секое од џиновските животни е направено од 1.300 различни огледала, а се високи 4 метри и тешки 500 кг. Пред шанкот има 13.000 златни топчиња кои се наредени едно врз друго и создаваат илузија како елките да лебдат над нив.rnrn
rnrnПогледнете во видеото како изгледа сета оваа празнична магија во хотелот.rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.