Автор: Цветанка АрнаудоваrnrnРодена во Сан Себастијан, Шпанија, Inma Rosillo е артистка која нема да ве остави рамнодушни, кога ќе ја погледнете нејзината работа. Иако дипломирала на научно-техничкиот факултет во Мадрид, ја напушта работата како новинарка за да се препушти на сликањето и пишувањето.rnrn
rnrnНејзиното сликање е како низа песни со кои го слави светот, убавината и создавањето. Нејзиното сликарство е магично и витално, кое е во блиска врска со поезијата.rnrnОттаму се раѓа она што можеме да го наречеме „апстрактен лиризам“, сликарство видено како „откровение“. За Инма сликарството претставува „вибрација на душата“.rnrn
rnrnПо стекнувањето на вештината за различни сликарски техники, добиена во работилницата на сликарот Carlos Larrague, таа започнува со самостојни и групни изложби кои не запираат. Таа создава слушајќи го нејзиното срце, како што вели, тоа е единственото место каде што можеш да создаваш. Нејзините илустрации повторно го создадоа светот безвременски, дамнешен и моќен. Таа вели дека слика затоа што тоа во неа буди состојба на занес, се обидува да лета, да сонува, да лебди. Постанува душа разоткриена во објектот кој е насликан. Вели дека процесот на сликање го доживува како љубовен чин, како поврзаност со убавината.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


















