Време е добро да се запознаеме со стилот кој повторно станува актуелен и кој претставува еден вид одмазда за модерните времиња. Добро, можеби одмазда е престрог збор, но сепак постои интересно тврдење кое вели дека е одговор против модерниот минимализам. Во секој случај, агресивноста во враќањето на ерата може да се припише на експлозијата од бои и енергичноста кои се карактеристични за ентериерот од седумдесеттите. rnrn
rnrnrnФилозофијата во дизајнот на ентериерот од седумдесеттите е пресликана преку земјените хипи тонови како златно-жолта боја, цигли, ‘рѓа, големи дрвени плочи, впечатливи дезени, геометриски форми и слично. Сите тие одново се искористуваат во модерните варијанти и комбинации. Ве покануваме на кратко патување назад во сончевата хипи ера и весели дизајни со ретро изглед.rn
Обложување со дрвени плочи
rn
rnrnОвој ентериер изгледа познато, но модерните дизајни не оддаваат чувство како штотуку да сме излегле од временска машина. Обложувањето на ѕидовите и плафонот со дрвени плочи, комбинирањето мебел во златно-жолта боја и додавањето кауч во форма на буквата „Г“ одлично се вклопуваат во модерните декоративни елементи и даваат впечаток на нешто што е одамна познато, а сепак сосема ново.rn
Ретро катче за читање
rn
rn
rnГеометриските форми кои се отпечатени во голем формат и поставени на ѕид, како и футуристичките бели столици одлично се вклопуваат со модерните детали како тепихот од кожа од крава и црно-белиот портрет на куче. Експлозијата на светли бои е исто така детаљ кој потсетува на минатото.rn
Воздржаност
rn
rn
rnПрекрасен пример за модерното прифаќање на воздржаните дизајни е златно-жолтиот кауч, фланелот и придушената светлина кои доаѓаат до израз во минимално декорираната дневна соба.rn
Суптилност
rn
rn
rnГеометриските форми, интересните дизајни на столици и темно зелената земјена боја на ѕидот одлично одговараат со она што е суптилно истакнато во модерниот дом – столици во пастелни бои, под со дезен во форма на рибина коска и плакари/креденци од дрво.rn
Кратко патување до шеесеттите
rn
rn
rnКако интересна споредба со дизајнот од седумдесеттите е навраќањето кон необичните шеесетти. Храбар и предизвикувачки чекор е „распрскување“ на поп-арт деталите во кујната. Ако тоа не е целосна спротивност на минимализмот, тогаш што е?rn
Земјени тонови
rn
rn
rnТука повторно се јавуваат дрвените ѕидови покрај големите доминантни геометриски форми, модернистичкиот мебел и земјените, смирени тонови на подот и декорациите. Она што би го направило овој ентериер помодерен е дрвена маса која изгледа како да лебди во просторот.




