Со изградбата на најтесната куќа во светот, австрискиот артист Ервин Вурм, покажува колку тој гледа поинаку на светот околу себе, а ги предизвикал и посетителите на неговата „изложба“ да го сторат истото. Тој ја изградил оваа инсталација т.н. „Narrow House“, врз база на домот во којшто живеел во детството.rnrn
rnrnПосетителите биле поканети да го истражат овој речиси надреален дом, исполнет со многу тесен мебел. Ходниците, спалната соба, дневната просторија, па дури и тоалетот се „компресирани“ на еден креативен и необичен начин. Во текот на изложбата, Вурм покренал интересни теми за просторот, поставувајќи некои длабоки и вознемирувачки прашања за теророт кој произлегува од притискање, ограничување или нарушување на нашиот личен простор.rnrn
rnrn rn
Вурм ѝ пристапува на уметноста со голема смисла за хумор. Тој и самиот вели: „Не мора секогаш да бидете смртно сериозни. Сарказмот и хуморот можат да ви помогнат да ги погледнете работите од посветлата страна“.
rn
rnrnТој токму тоа и го постигнува, бидејќи голем дел од неговите дела, вклучуваат редефинирање на очекувањата кои ги имаме за светот околу нас. Создава интерактивна уметност, служејќи се со секојдневното опкружување, материјали и луѓе, со цел да ги провоцира набљудувачите на неговото дело, најпрвин да се насмевнат, а потоа внимателно да размислат што е она што всушност го гледаат.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
