Оваа слатка мала куќа изгледа како куќичка за кукли, но таа не е играчка туку практичен дом уреден со многу љубов и стил. Малата куќа на тркала претставува совршен пример како изгледа дом кој во целост е создаден за вашите потреби.rnrnДоли од Викторија, Австралија дизајнирала функционален дом во кој скалите ве водат до просторот за спиење. Тие исто така се и скриен простор за складирање, додека во долниот дел од куќата се наоѓа мала кујна и уникатен тоалет.rnrn
rnrnТаа го испланирала и создала домот кој е совршено прилагоден на нејзината висина, па има доволно место за движење, па дури и за вежбање јога. Малата и практична кујна, со магични бои, интересни декорации и прекрасни растенија ја прави оваа куќа совршена за секоја жена.rnrnПо 3 години живеење во срцето на Мелбурн, Доли одлучила да побегне од градската гужва и на една фарма ја изградила својата мала куќа. Таа изгледа како камп приколка. Па, доколку и вие мечтаете за мал дом кој има сè што ви треба, инспирирајте се од овие фотографии!rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
