„Виновникот“ кој ги создал овие фантастични парчиња уметност, е фотографот Ијан Крафорд, кој е лоциран во Лондон, но работи во интернационални рамки.
Тој сака да „лови“ фотографии кои имаат јака графика и композициски квалитет, барајќи симетрија во хаосот, при што успева да го задржи вниманието на субјектот, темата и емоцијата која тие ја пресликуваат.

Ијан во своите фотографии создава совршена уметничка целина фотографирајќи убави девојки во комбинација со распрскани течности во јаки бои, супстанци во прав, интересни ткаенини и расфрлана женска коса, со High speed фотографија.

Кога ќе погледнете во неговите фотографии, не можете, а да не се запрашате од каде ја добил оваа генијална идеја. Сите негови фотографии имаат уникатна, неконвенционална и прекрасна екстравагантност.

Раскажувајќи за снимањето на неговите „обоени“ фотографии, Ијан вели:rn.rn
Ја обожавам фузијата помеѓу бојата и фотомоделот. Произлезените форми се раскошни, скроени по мерка, како некоја скапоцена дизајнерска облека.
rn
.rn
Возбудата и очекувањето да го видиме следното парче од непредвидливиот хаос беа „електрични“.
rn
.rn
Имаше нешто магично во тоа како случајната шанса се материјализира во прекрасна слика пред твоите очи.
rn
За неговите фантастични квалитети како фотограф зборува и неговата успешна кариера. Тој има работено на кампањи за најпознатите светски брендови и бил најмуван од многу врвни интернационални магазини.









