Дубаи може да се пофали со многу прекрасни објекти, но, за разлика од сите тие кои се издигнуваат нагоре, најновата импресивна градба се нурка под површината на водата.rnrn
rnrnНа четири километри од брегот на Дубаи, ќе биде сместена луксузната вила „Floating Seahorse“ која ќе плови и ќе се простира на три нивоа, од кои долниот целосно ќе биде потопен во водата.rnrn
rnrnДва огромни прозорци, секој од под 25 метри квадратни, од спалната соба и бањата обезбедуваат спектакуларен поглед кон коралниот гребен и подводниот свет.rnrn
rnrnСамо девет и пол сантиметри дебели, прозорците не би можеле да бидат направени од стакло, затоа што не би го издржале притисокот на водата. Во потрага по решение, архитектите нашле инспирација во подморниците и аквариумите и употребиле акрилик стакло.rnrn
rnrnНа ниво на морето се наоѓа целосно опремена кујна со трпезарија и дневна соба. Кога ќе се отвори стаклената фасада, терасата станува продолжение на дневната соба.rnrn
rnrnНајвисокото ниво е совршено место за релаксација и уживање во свежиот воздух. Тој е опремен со кревет, мини бар, кујна и џакузи со стаклено дно.rnrn
rnrnПокрај оригиналните модели „Floating Seahorse“ и серијата „Floating Seahorse Tzar“, по цена од 2,5 милиони евра, компанијата Kleindienst понудила уште полуксузен модел, наречен „Signature“. Со повеќе од 370 квадрати, „Signature“ е поголем од своите претходници и во целост може да се прилагоди на желбите на купувачите.rnrn
rnrnВо реализацијата на проектот биле вклучени повеќе од 200 професионалци, а било планирано оваа изградба да се заврши оваа година.rnrn
rnrnНајголемиот дел од вилата која плови ќе биде сместен во близина на вештачкиот остров Санкт Петерсбург, во облик на срце и чија изградба е во тек. Инспириран од Малдивите, островот ќе биде опкружен со овие вили.rnrn
Нова атракција во Дубаи: Луксузна вила која плови и е со поглед на морското дно
