Доколку ја погледнете работата на Дидиер Масард, на прв поглед можеби би рекле дека се работи за цртежи насликани со водени бои или пак за дигитално моделирани сцени. Но, делата на овој артист всушност се фотографирани диорами (3Д минијатурни макети) кои прикажуваат нереални сцени и пејзажи. Овие неверојатно дизајнирани светови настануваат од сцени за кои на Масард му се потребни месеци да ги состави, внимателно да ги нареди и соодветно да ги осветли пред да ги фотографира.rnrn
rnrnБез разлика дали станува збор за подводна катедрала која се руши, мистична градина преполна со цвеќиња високи колку луѓето или пак за урнатините од Вавилонската кула во пустината, одличната работа на Масард изобилува со прекрасно чувство за магичен реализам. И додека фотографијата подразбира фаќање на момент од живиот свет и замрзнување во “мртва” сцена, Масард го прави токму спротивното – тој од статичните нереални сцени кои ги создава специјално за своите фотографии, креира подвижни, живи светови во кои имате чувство дека дејството трае.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.











