КАФЕ ПАУЗА

Необична уметност: лебдечки облачиња во соба

Необична уметност: лебдечки облачиња во соба

Written by

in

Овие симпатични облачиња кои лебдат во соба се дело на холандскиот уметник Berndnaut Smilde. Но, тој одбива да ни открие како ги создал, остава самите да се потрудиме и да ја објасниме неговата уметност. Првото го поставил пред две години во галеријата Probe, чии изложби може да се посетуваат само на интернет, а второто неодaмна во хотелска соба. rnrnПоследниот уметнички експеримент на Smilde траел само неколку минути, а во живо можеле да го видат малкумина во хотелот Мариjа Капел. Оваа репродукција на неговото сопствено дело, најверојатно била за да покаже дека не се работи за Фотошоп. Како и да е, идејата е навистина оригинална. Необична уметност: лебдечки облачиња во собаОстанатите фотографии се од неговото прво дело. Еве што изјавил по нивното објавување:rn
rn

„Замислував како влегувам во музеј со празни ѕидови. Местото изгледаше пусто. Од една страна сакав да креирам морничава ситуација, бидејќи облакот може да се гледа како знак на несреќа. Но, исто така, тој може да се гледа и како дел од холандски пејзаж во класична музејска сала. Во исто време сакав да создадам јасна слика, како таа да е дел од цртаните филмови, во кои е типична појавата на облак, како симбол за лоша среќа.“

rnПогледнете го облакот од неколку различни агли. Додека го набљудувате, ако дојдете до идеја за тоа како авторот ја создал оваа несекојдневна уметност, слободно споделете ја со нас…Необична уметност: лебдечки облачиња во собаНеобична уметност: лебдечки облачиња во собаНеобична уметност: лебдечки облачиња во собаНеобична уметност: лебдечки облачиња во собаНеобична уметност: лебдечки облачиња во соба
rnrn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.