Фотографот Алберт Дрос е познат по тоа што обичните пејзажи ги претвора во неверојатни уметнички дела. Неговата неодамнешна фотосесија снимана во магловита шума во Луксембург не е исклучок. Неговите фотографии ја доловуваат мистичноста на шарените есенски лисја во комбинација со лесната магла што се тркала низ пејзажот.rnrn
rnrnИако многумина ја сметаат маглата за мрачна, според фотографот, таа е совршена временска состојба за фотографирање. Тој ја користи маглата како средство за истакнување на шарените лисја и дрвја. Резултатот е приказ на есенски лисја и богат, темнозелен мов што расте на стеблата од дрвјата. Дрос смета дека сивата боја не секогаш означува депресивност. Сигурни сме дека кога ќе ги погледнете неговите фотографии ќе посакате да облечете топла јакна и да излезете на прошетка во најблиската шума.rnrnВо продолжение погледнете ги неговите преубави фотографии.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnОткако ги погледнавте овие прекрасни фотографии, ви препорачуваме да ги погледнете и фотографии од Плитвичките Езера во есен.rnrnИзвор: mymodernmet.com
Мистичната убавина на магловита шума во есен доловена преку објектив
