КАФЕ ПАУЗА

4 знаци дека го саботирате вашиот живот, а не сте свесни за тоа!

4 знаци дека го саботирате вашиот живот, а не сте свесни за тоа!

Written by

in

,

Лесно е да ги обвините другите доколку сте несреќни во животот, но што ако главните виновници се вашите постапки? Еве 4 начини на кои можеби го саботирате вашиот живот со одредени однесувања.rnrn4 знаци дека го саботирате вашиот живот, а не сте свесни за тоа!rn

1. Сами се осудувате

rnБидете искрени и размислете колку време трошите размислувајќи за сите ваши недостатоци. Колку често се гледате во огледало и го мразите она што го гледате? Колку често се сметате за губитник затоа што не можете нешто да постигнете? Колку често се обвинувате себеси за сè што тргнало наопаку во вашиот живот?rn

2. Глумите жртва

rnДруг начин преку кој го саботирате вашиот живот и вашите врски е моментот кога глумите жртва и сте убедени дека сè што се случува во вашите животи е туѓа вина. Сепак, ако можете да работите понапорно и ако го прифатите фактот дека имате одредена одговорност во вашите животи тогаш ќе имате можност да одите напред кон животот и љубовта што ја сакате.rn

3. Живеете во минатото

rnКолку време потрошивте денес размислувајќи за минатото? Животот во минатото е нешто што во голема мера може да ги саботира вашите животи и врски. Имајте на ум дека не можете да го промените минатото и затоа престанете да размислувате за нештата кои би можеле да бидат поинакви доколку не сте направиле одреден избор. Она што можете да го контролирате е сегашниот момент и наместо да гледаме во минатото, можете да гледате во иднината, решени да го живеете животот што го посакувате.rn

4. Живеете со токсични луѓе

rnДали постои некој кој внесува токсичност во вашиот живот? Некој кој ја омаловажува вашата вредност поради тоа што сте и поради изборот што го правите. Некој кој вели дека ве сака, но потоа се однесува со вас со презир. Некој кој ве спречува да го живеете животот што го сакате. Имајте на ум дека кога сме постојано изложени на влијанието на токсична личност, ние се разболуваме. Ја губиме довербата, се отуѓуваме од другите, стануваме депресивни и анксиозни и парализирани. Затоа, неопходно е да се ослободите од токсичноста во вашиот живот. Можеби тоа е љубовник, пријател, родител, брат или сестра, или колега од работа кој е толку груб секој ден. Кој и да е, ако некој ја труе вашата благосостојба со својата токсичност, време е да си оди.rnrnОткако прочитавте на кој начин го саботирате вашиот живот, можеби ќе сакате да прочитате и зошто ги отфрламе работите кои имаат тенденција да бидат нашиот вистински избор.rnrnИзвор: themindsjournal.com