Скандинавскиот декор ја должи својата убавина на едноставниот, но елегантен дизајн. Скандинавскиот стил е совршениот избор за оние кои сакаат релаксирачка бања бидејќи тој создава атмосфера на смиреност.rnrn
rn
Елеганцијата на минимализмот
rn
rnrnСкандинавските дизајнери го користат добро познатиот принцип „малку е повеќе“. Па, подгответе се за јасни линии и благи рабови.rnrn
rnrnНајдобриот начин да создадете минималистички тоалет е да го избегнете собирањето на непотребни работи. На видно место нека се наоѓаат само неколку стилски детали, а сè останато нека биде зад затворен врати.rn
Неутрални бои за смиреност
rn
rnrnСкандинавскиот стил има палета од неутрални бои како што се белата, сивата, светло сината, кремот и слично. Овие елегантни бои будат чувство на мир и пространост, а ова е одлична комбинација со минималистичкиот дизајн. Сепак, можете да вметнете и некоја неочекувана пожива боја. Често се користат црна и бела за да се создаде контраст, а можете да искористите и некоја друга боја која ќе стави интересен акцент на просторијата.rn
Клучот е во функционалноста
rn
rnrnДруг важен принцип на скандинавскиот стил е функционалноста. Важно е да се искористи целиот простор, и тоа да се направи елегантно. За да го постигнете ова, важно е да обезбедите повеќе места за чување на работите. Можете да користите полици, шкафови, или пак „скриени“ места. За нив одберете квалитетни материјали, но со добар дизајн. Вашиот нордиски тоалет не треба да биде натрупан.rn
Природа за зен
rn
rnrnПриродата е важен елемент во скандинавскиот стил, па дури и во тоалетот. Можете да ставите некое растение како декорација во вашиот тоалет и со тоа ќе направите амбиент како во спа-центар. Зелената боја на растенијата одлично се вклопува со неутралниот дизајн. Се разбира, можете да ставите и цветови во разни бои.rn
Убавината на природните материјали
rn
rnrnНордиските дизајнери создаваат чувство на топлина и удобност користејќи природни материјали. Еден од најпознатите избори е дрво. Дрвото ќе направи одличен контраст со бетонските ѕидови или белите плочки.rnrn
rnrnДруг популарен материјал е каменот. Најчесто се користи за подот и за камени кади кои се одличен акцент во тоалетот.rnrn
rnrnЕдноставноста, елеганцијата и функционалноста на скандинавскиот стил ќе ви помогнат да дизајнирате тоалет со безвремена вредност.rnrnПогледнете ги и овие скандинавски трендови за уредување на ентериерот.