Српската фотографка Јована Рикало ја комбинира модата со природата за да создаде фотографии кои изгледаат како сцени од книги со бајки. Од мајка и дете облечени во балски фустани седнати на ливада до жена во бела наметка која води коњ низ поле со цвеќиња, секоја фотографија има моќ за миг да ве однесе во друг, поинаков, магичен свет.rnrn
rnrnКако самоук уметник, Јована почнала да се занимава со фотографирање за време на нејзините студии по право. Во тој период, таа се заљубила во фотографијата како медиум и нејзината способност да создава различни наративи. Преку нејзините фотографии за кои се чини дека се на работ помеѓу реалноста и сонот, фотографката се обидува да ја изрази својата љубов кон модата и природата.rn
„Мојата инспирација се луѓето, животот и природата. Ги користам сите три елементи секогаш кога сакам да раскажам некаква приказна. Речиси сите фотографии се на некој начин поврзани со моето животно искуство“, вели Јована.
rnВо продолжение погледнете ги нејзините фотографии.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnОткако ги погледнавте овие преубави фотографии, можеби ќе сакате да погледнете и 15 фотографии од извонредни дела на природата.rnrnИзвор: mymodernmet.com