КАФЕ ПАУЗА

Куќата со небесна градина

Куќата со небесната градина

Постои ли некој кој не би сакал да живее во градина, богата со прекрасна вегетација, која ги одмора очите и душата? Секако дека не постои. Но, колку и да ја сакаме природата, на сите ни е потребен покрив над глава, за да можеме да преживееме. Ќе се сложите ли со нас дека совршениот склоп на удобност, елеганција, луксуз и ефект на живеење во градина, е постигнат токму во оваа куќа?rnrnКуќата со небесната градинаrnrn„Sky Garden House“ е куќа со фантастични градини на три нивоа, една на кровот и две на балконите. Се наоѓа на островот Сантоса во Сингапур, а е дизајнирана од страна сингапурското архитектонско студио Guz Architects.rnrnКуќата со небесната градинаrnrnВо оваа куќа е вклучен и еден долг секси базен, кој се наоѓа во дворот и продолжува надолу длабоко сè до подрумот, каде можете да видите кој од вашите гости нурка во моментот, преку огромниот стаклен прозорец.rnrnКуќата со небесната градинаrnrnВнатрешните скали имаат спирален облик, стаклена ограда, дрвен гелендер и дрвени скалила.rnrnКуќата со небесната градинаrnrnКривулестиот покрив е целосно прекриен со трева и има прекрасен поглед кон заливот.rnrnКуќата со небесната градинаКуќата со небесната градинаrnrnПокрај невообичаениот преден дел, како и целата куќа во целина, не е заборавена ниту задната тераса богата со вегетација, до која имате визуелен поглед кон зеленилото преку стаклениот прозорец, доколку во моментот се наоѓате на горниот кат.rnrnКуќата со небесната градинаКуќата со небесната градинаrnrnЦелта на архитектите била да се постигне „градинарски ефект“ во секој дел од куќата. Па така, додека уживате во зеленилото седејќи во некоја од „небесните градини“, кога ќе погледнете надолу низ стаклениот прозорец, повторно ќе гледате во зеленило. rnrnКуќата со небесната градинаrnrnСпоред она што го гледаме на сликиве, можеме да заклучиме дека целта на архитектите е дефинитивно постигната, нели?rnrnКуќата со небесната градина
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.