Кога времето надвор е убаво, штета е да не уживате во надворешниот простор доколку го имате. Во текот на летните месеци балконите и терасите можете максимално да ги искористите и да ги претворите во надворешна дневна соба. Ви откриваме седум совети со кои ќе можете да го постигнете ова.rnrn
rn
1. Одредете го средишниот дел од просторот
rnТака ќе си ја олесните работата од самиот почеток. „Срцето“ на просторот исполнете го со балконски двосед, кауч, лежалки или пак маса, односно тоа нека биде она парче мебел кое најчесто ќе го користите.rn
2. Направете разлика помеѓу внатрешниот и надворешниот простор
rnНемојте во надворешниот простор да го пренесете мебелот кој е инаку создаден за внатре. Сепак, станува збор за различни временски услови. Издржливата балконска гарнитура е секако подобар избор од каучот.rn
3. Изберете мебел кој одговара на големината на просторот
rnПред да п очнете со купување и уредување, важно е да го измерите просторот за да можете да изберете правилна големина на мебел. Големиот мебел заради кој ништо друго нема да можете да наместите на балконот или терасата никако не е идеален избор.rnrn
rn
4. Правилно распоредете го мебелот
rnДобриот распоред е многу важен. Кога го уредувате просторот, имајте на ум дека би требало да остане доволно простор за слободно движење, односно за поминување и вртење помеѓу парчињата мебел. Тој не смее да биде пречка.rn
5. Внимавајте на количината на мебел
rnЗа постигнување рамнотежа во просторот потребно е парчињата мебел да се надополнуваат, односно да ги нема премногу, но ниту премалку. Просторот кој е пренатрупан визуелно ќе изгледа помал, додека просторот со премалку мебел или бои ќе изгледа празен и занемарен.rnrn
rn
6. Збогатете го просторот со бои
rnЕден од најдобрите начини за да го оживеете просторот е да го збогатите со бои. Перници во различни нијанси и со интересни принтови или пак гарнитура со дезен кој се истакнува ќе бидат совршен избор.rn
7. На занемарувајте ги деталите и билките
rnЗа да постигнете чувство на удобност со кое зрачи секоја дневна соба, не смеете да ги заборавите деталите и билките. Убаво осветлување, свеќи, тегли со цвеќе, вазни и декоративни перничиња при уредувањето се задолжителни.rnrnВи предлагаме и неколку креативни идеи за декорација на вашата тераса, совршеното место за утринското кафе.