Андреа Ретинки е романска фотографка, која обожава постојано да патува. Моментално живее во Букурешт со 6 мачки, куче и со нејзината баба. Има диплома за креативна фотографија на Универзитетот Хамбер во Торонто. Работи како слободен уметник (freelance) и секој може да ја најми за фотографирање портрети, манекенки, настани, дигитална обработка на слики, за правење реклами и сè друго што може да ви притреба.rnrn
rnrnСтилот на Андреа е јасно дефиниран и препознатлив по колоритноста, бистрината и уникатноста која ја имаат нејзините фотографии. Таа умее совршено да го замисли контрастот на бои во фотографијата и да ги направи сите детали лесно забележливи од страна на секој обичен набљудувач.rnrn
rn
„Сакам да создавам фотографии кои имаат душа. Еден фотограф не е ништо поразличен од сите останати, ако не успее да раскаже приказна. Убавината не е универзална, најважната работа е чувството.“ – вели таа.
rn
rnrnНејзините уметнички дела се специфични токму поради длабоките емоции кои тие ги носат во себе. Кај фотографираните девојки лесно може да се препознае нежноста, сексапилноста, провокативноста, ранливоста, романтичноста, среќата или тагата кои ги носат во себе, така што може да се забележи дека фотографката дефинитивно ја постигнала нејзината цел – да раскаже една приказна за нечиј живот.rnrn











rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
