Не, ова не е ноќна мора. Ова е вистински кошмар! Шминкерката Џасмин користи инсекти за да го надополни својот изглед. Не станува збор за лажни инсекти купени од продавница! Зборуваме за вистински инсекти коишто оваа убавица ги користи при шминкањето на очите.rnrn
rnrnНе е ни чудо што нејзиниот профил на Инстаграм има повеќе од 55.000 следбеници! Оваа девојка прави чуда со помош на неколку четки, бои и 3Д елементи. Таа отсекогаш сакала да експериментира за што сведочат нејзините обиди да си го обои телото со впечатливи бои и драматични дизајни. Но, нејзините последни мејкап предлози се посветени на инсектите и нивната употреба во шминкањето на очите.rnrnЏасмин почнала да го практикува ова во ноември 2017 година кога земала одвратни бубачки од нејзината градина и ги ставала директно на нејзините очни капаци. Но, без разлика колку ужасно ви делува нејзината шминка за очи, нема да успеете да го тргнете погледот од нивниот креативен изглед.rnrn
rnrnМинатото лето, оваа шминкерка почнала да вметнува живи полжави и мртви оси во нејзината мејкап рутина. Експериментот ѝ помогнал да почне повеќе да ја цени природата и да се забавува преку разните комбинации на убавото и гротескното. Подоцна, таа забележала дека има мртви муви на нејзините прозорци и се заинтересирала за нивната убавина, па решила да направи цела мејкап серија посветена на инсектите.rn
„Решив да заборавам на стигмата, почнав да ја забележувам нивната убавина и тогаш нешто блесна во мене. Морав да најдам повеќе инсекти. Морав да научам нешто за нив и да го споделам тоа со светот“, изјавила Џасмин.
rn
rnrnОваа уметница ги користи сите инсекти што ќе ѝ се најдат при рака: пеперутки, бубачки, оси, бумбари и слично. Ниту еден дел од нејзините очи не е забранет кога станува збор за тоа каде ќе го стави инсектот. Таа досега има ставено скакулци на веѓите, пајаци на крајот од окото и црви на трепките.rnrn
rnrnПродолжете на следната страница за остатокот од текстот…rnrn
