Исклучете се за момент од реалноста и замислете си свет во кој чекорите во чевли од авокадо, носите чанта од боровинки (или од броколи ако сакате да водите здрав живот), се дотерувате со алка од тестенини и ѓердан од сирење.rnrn
rnrnПонекогаш кога сите спијат, а вие сте сè уште будни и без друштво, сакате да се релаксирате слушајќи добра музика. Тогаш ги ставате јаболковите слушалки на уши и уживате во „сочните“ мелодии.rnrn
rnrnЗа оние моменти пак кога ќе се чувствувате сексапилно, можете да ја облечете вашата провокативна долна облека од зелена салата како предјадење, а да ги оставите чоколадните обетки за десерт. Звучи примамливо нели?!rnrn
rnrnПрофесионалниот фотограф Фулвио Бонавија е креатор на оваа „вкусна“ фото галерија, која ја употребил во неговата книга насловена „Прашање на вкус“, за да ја долови поврзаноста помеѓу графичкиот дизајн, уметноста и илустрацијата.rnrn
rnrnНавистина е штета што неговите генијални модни додатоци никогаш нема да се најдат на полиците во бутиците, бидејќи би било тешко да се одржат овошјето и зеленчукот свежи, а млечните производи да не мувлосаат. Како и да е, неговата креативност навистина заслужува признание, а идејата може да се преобликува и да се пренесе во некој елитен ресторан, каде за десерт ќе можете да нарачате шешир од малини.rnrn
Изедете ја вашата облека за десерт
























