Ова купатило е пострашно дури и од она во најпознатата хорор сцена во „Психо“ на Алфред Хичкок. Тука е доволно само да стапнете на подот и да се „извадите од памет“. 🙂 Тој е изработен од проѕирно стакло, врз дупка длабока речиси 50 метри, првично наменета за лифт. „Хорор“ бањата е идеја на дизајнерската куќа Хернандез Силва и се наоѓа во луксузна 15-катница во Гладалахара, Мексико.Освен купатилото, остатокот од објектот изгледа совршено удобно и безбедно. Одморете ги очите од претходната глетка и уживајте во луксузните апартмани, изработени во мексикански колонијален стил од 70-тите.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Оригинална серија на Кафе паузаКафе со…
Сите епизоди →


