КАФЕ ПАУЗА

Грациозна фотосесија направена целосно под вода

Грациозна фотосесија направена целосно под вода

Поплава“ е воодушевувачка подводна серија фотографии на белгискиот фотограф Хари Феит. Тој направил неверојатна фотосесија со белгиската пејачка Тифен Бероу потоната во подводен свет. Овој алтернативен универзум на Феит претставува прекрасна симфонија од човечка фигура и други предмети кои изгледаат како да лебдат во воздухот, како софа, масичка, лустер и пијано. rnrnФотографиите од ова снимање се први во серијата подводни фотографии која Феит во иднината планира да ја дополни со голем број артисти.Грациозна фотосесија направена целосно под водаФотографиите имаат беспрекорен квалитет кој ги маскира сите пречки со кои Феит и неговиот тим се соочиле за време на снимањето, меѓу кои потонувањето на сите предмети и контролирањето на позицијата која тие ја имаат во водата. Но, и покрај сите потешкотии, сепак овој талентиран фотограф успеал да направи одлични фотографии и да ги сокрие сите знаци на трема кои се појавиле кај Бероу неколку мигови пред таа да влезе во базенот.Грациозна фотосесија направена целосно под вода Грациозна фотосесија направена целосно под вода Грациозна фотосесија направена целосно под вода Грациозна фотосесија направена целосно под водаrn


rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.