Капил Багат е артист кој создава фантастична серија постери, каде што преку постулатите на минимализмот, ги претставува едни од најбрилијантните луѓе, кои успеале да остават значајна трага врз човештвото.
Постерите ги сочинуваат нивниот лик и еден елемент, кој укажува на нивното најголемо достигнување и наследство. Тој успева да ја долови суштината на животот и делото на Шекспир, Армстронг, Нелсон Мандела и уште многу други познати личности. Погледнете ги постерите подолу, а ако сте заинтересирани за работата на артистот, посетете ја и неговата онлајн-продавница.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
