Фотографии од Куба кои изгледаат како сцени од филм на Вес Андерсон

Сподели

Фотографката Хелен Хавард патувала од нејзиниот дом во Франција до Куба и го фотографирала урбаниот пејсаж на Хавана. Без некој посебен план, таа лутала низ улиците и се вљубила во живите нијанси и уникатната атмосфера на градот. Нејзините фотографии на одличен начин ги доловуваат интересните детали на градбите – од нивните кружни прозорци, па сè до шарениот екстериер.

Реклама

Хавана е позната по нејзината богата урбана палета на бои, а токму ова ја натерало Хелен дополнително да ги обработи фотографиите. Намалувајќи ја живоста на боите на фотографиите, таа ги направила со пастелни нијанси. Фотографиите изгледаат нереално и се како сцени од филм на Вес Андерсон. Резултатот покажува како таа се чувствувала за време на нејзината посета на Куба.rn

„Се одлучив да ги обработам фотографиите на начинот нa којшто јас го гледам ова неверојатно место.“

rnПродолжува на следната страница

Најново

Може ќе ве интересира