Фотографии кои докажуваат дека очите се навистина прозорец на душата

Сподели

Погледот ни кажува многу во секојдневната комуникација, па многу често не ни се потребни зборови за да разбереме како се чувствува другата личност. Предизвикот во неговите очи ве возбудува, кога таа погледнува надолу знаете дека ве лаже, другарката со очи ви посочува кон важната личност која само што влезе во просторијата… А многу често, најголемите радости и најдлабоките рани не можат да се искажат поинаку освен со солзи во очите.

Реклама

Овие историски фотографии го докажуваат истото и тоа со интензивната емоција која ја носи реалниот момент.rn

1. Радост

rnНасмевка по долго време, по ослободувањето на концентрациониот камп Берген – Белсен, 1945 година.rn

2. Страв

rnГермански војник фатен од Британската армија, 1945 година. Момчето има само 15 години.rn

3. Љубомора

rnСофија Лорен и Џејн Мејсфилд на забава организирана во чест на Софија Лорен, 1957 година.rn

4. Омраза

rnЧовекот кој што седи е Џозеф Гобелс, еден од најблиските соработници на Адолф Хитлер. Човекот позади фотоапаратот – Евреин.rn

5. Срам

rnФранцузинка која е јавно казнета поради дружење со германските војници за време на војната. Фотографијата е направена веднаш по завршувањето на Втората светска војна.rn

6. Замор

rnИзнемоштен американски војник веднаш по ослободувањето од германски затвор, 1945 година.rn

7. Лудило

rnПостои синдром наречен shell shock, кој се припишува на налудничавото однесување на голем број војници за време на Првата светска војна, по долг период поминат на бојно поле. Битка кај Сом, Франција, 1916 година.rn

8. Очај

rnФотографијата е направена во Варшава, Полска од страна на германски војник, 1941 година.rn

9. Спокој

rnАмерикански војник во Јужен Виетнам, 18 јуни 1965 година.rn

10. Храброст

rnБиби Аиша имала само 12 години кога нејзиниот татко ја ветил на Талибанец, како компензација за убиство направено од страна на член од нејзиното семејство. Ја омажиле на 14 години, а новото семејство постојано физички ја малтретирало. На 18 години избегала, но била фатена од полицијата и вратена назад на семејството. Како казна, нејзиниот свекор и нејзиниот сопруг ја одвеле во планина каде што ѝ ги исекле ушите и носот и ја оставиле таму да умре. Биби ја пронашле американски војници кои ја спасиле. Ова е Биби на насловна на Тајм магазин.

Популарно

Може ќе ве интересира